Во многу култури, компирот се ужива во безброј варијации како главен оброк или како гарнир. Не можеме со сигурност да кажеме дали е правилно да се нарече овој вид салата „македонска компир салата“, но можеме со сигурност да потврдиме дека Македонците овој вид на салата го служат на трпезите за различни пригоди или слави. 🙂 Откако компирите ќе бидат варени и се оладат, салата се подготвува многу брзо и само во неколку едноставни чекори.

Салата со варени компири и кромид

Македонската традиционална салата со компири се состои само од варени компири и свеж кромид зачинета со какви било зачини по ваша желба. Оваа салата можете да ја подготвите и еден ден пред да ја послужите или пак да ја спакувате и однесете на работа. Секако, ако ароматичниот здив од кромидот не им смета на останатите колеги:)
Vorbereitungszeit20 Minuten
време на варење40 Minuten
Gesamt1 Stunde
GerichtСалати
KücheБалкан
DietVegan
Tagsбез глутен, компири, посна салата од компири, посно, салата од компири, салата со компири и кромид
Portionen: 4 Порции

Kochutensilien

  • Големо тенџере
  • Сад за сервирање

Zutaten

  • 1 кг компири
  • 2 средни кромида
  • 1,5 л врела вода
  • 2 лажици оцет
  • 3 лажици маслиново масло
  • Сол и бибер

So wird’s gemacht

  • Измијте ги компирите внимателно и подгответе ги за варење во големо тенџере.
  • Кога водата ќе зоврие, додадете ги компирите без да ги лупите и покријте ги со капак, така што пареата може добро да циркулира во садот.
  • Варете ги компирите на средна температура околу 40 минути.
  • Исцедете ја водата веднаш откако компирите ќе бидат сварени.
  • Оставете ги компирите да се изладат.
  • Откако компирите ќе се изладат, внимателно излупете ги и исечете ги на мали коцки.
  • Исечете го кромидот на тенки прстени и добро измешајте ги во садот заедно со маслиновото масло, оцет, сол, свежо мелен бибер и подгответе ја за сервирање.
  • Добро спакуваната салата во фрижидер се оддржува 3-4 дена свежа.
  • Добар апетит!

Hat dir das Rezept gefallen, oder hat es nicht so geklappt, wie du wolltest? Wir freuen uns über dein ehrliches Feedback zu diesem Rezept.

Jetzt bewerten

Запомнете:

При готвење компири, за да се постигне совршена конзистентност и структура, одговорна е сортата на компири и точното време на готвење.

За оваа салата препорачливо е да користите малку поцврсти компири, бидејќи тие ја одржуваат својата цврста структура при готвење и можат добро да се исечат.

Во нашиот случај, препорачливо е често да се проверува количината на вода во тенџерето и по околу 40 минути да се изведе тест со вилушка дали компирите навистина се варени и спремни да се тргнат од оган.

Времето за готвење секогаш може да варира во зависност од видот на компирот. Кога компирите ќе бидат варени, веднаш истурете ја врелата вода и оставете ги да се изладат. Топлата вода треба веднаш да се одвои од компирите, затоа што ако останат во неа и водата се олади заедно со компирите, тие стануваат многу лепливи и кашести.

Во зависност од вкусот, зачините можат да се прилагодат. Салатата може да ја сервирате како главно јадење или како гарнир. Затоа, количината на состојки и зачини може да се прилагоди по потреба.

Дали ве интересира да дознате нешто повеќе за компирите?

Компирот (Solanum tuberosum) е ползечко, повеќегодишно тревно растение што може да достигне стабилна височина и над 1 метар.

Семето се формира во бобинки слични на домати, сите зелени делови на растението и зелените израстоци, се токсични за луѓето.

Делот на компирот кој што се јаде, расте под земја во вид на репка. Од ботаничка гледна точка, припаѓа на истото семејството како доматите или модрите патлиџани.

Во зависност од сортата, семето на компирот се става во земја во април и мај.

Постојат над 2.000 сорти компири, но само неколку видови се етаблирале со текот на времето.

Компирите потекнуваат од Јужна Америка, тие биле донесени во Европа во 16 век.

Најдобро е компирите да ги чувате на суви и темни места со температура од околу пет степени. Кога температурата ќе се спушти под три степени, дел од скробот се претвора во шеќер и компирите добиваат сладок вкус. Р’тењето се стимулира при високи температури. Складирањето на компирите на светли површини предизвикува губење на бојата, а пак ако ги чувате на топло, местата на кои веќе се одстранети ‘ркулците добиваат зелена боја.

Овие области не се препорачуваат за консумирање затоа што содржат нервен отров соланин, кој во големи количини може да биде одговорен за гадење, дијареја и главоболка.

Сировите компири се состојат главно од скроб и оваа количина на скроб е тешка за човечкото тело да ја обработи. Скробот се менува само кога се готви и компирите само зготвени се погодни за јадење.

Компирите се богати со витамин Ц, витамини Б1 и Б2 (ниацин), витамин Б5 (пантотенска киселина) и витамин Б6. Количината на витамини зависи од видот на приготвувањето. Тие исто така се извор на магнезиум, калциум, калиум и фосфор.

Честопати, компирот се користи како домашен лек против стомачни киселини или чирови на желудникот, кашлица, болки во грлото и ушите.

Sharing is caring!

Beteilige dich an der Unterhaltung

1 Kommentar

Schreibe einen Kommentar

Deine E-Mail-Adresse wird nicht veröffentlicht. Erforderliche Felder sind mit * markiert

Bewerte dieses Rezept




Diese Website verwendet Akismet, um Spam zu reduzieren. Erfahre mehr darüber, wie deine Kommentardaten verarbeitet werden.