На нашата трпеза најчесто има специјалитети кои што се направени од едноставни, сезонски, регионални и свежо подготвени зеленчуци. Понекогаш сакаме да си дозволиме други јадења кои се многу лесни за подготовка, но не се направени од 100% свежи и сезонски состојки. Главните состојки за овој рецепт се тиква, наут, спанаќ и кокосово млеко. 

Кога во доцна есен надвор многу рано ќе почне да се затемнува и станува тажно, ние сме среќни да ги претвориме боите на постојниот зеленчук во кулинарно уживање 🙂

Сигурни сме дека ја сакате храната со убави и силни вкусови и ништо не може да надмине едно одлично кари за да се стави крај на еден хаотичен ден. Аромите ќе ве однесат во еден поинаков свет и тоа ќе ви  ја наполни устата со вода и ќе ви ја зголемат желбата за уште една дополнителна порција 🙂

Посно кари со тиква, наут и спанаќ

Ова јадење не е направено од само неколку состојки, но се прави релативно брзо и лесно. Овој специјалитет има кремаста конзистентност, е богат со растителни протеини, е здрав, е приготвен на растителна база и заситува долго.
Vorbereitungszeit15 Minuten
Zubereitungszeit20 Minuten
Gesamt35 Minuten
Gerichtглавно јадење
Kücheиндиско
DietVegan
Tagsбез глутен, кари, посно, посно кари со тиква, наут и спанаќ, тиква
Portionen: 4 Порции

Zutaten

  • 600 гр тиква сечена на коцки
  • 250 гр наут од конзерва или домашно варен
  • 400 мл кокосово млеко од конзерва
  • 150-200 гр свеж спанаќ
  • 1 голем кромид
  • 2 големи чешниња лук
  • 1 мало парче ѓумбир
  • 1 лажица масло од кокос
  • 1-2 лажиче кари паста или кари во прав
  • ½ сок од лимон
  • ½ лажиче буковец или една мала чили пиперка
  • Сол и бибер по вкус
  • 1-2 лажици сусам за декорација – по избор
  • 2 лажици индиски оревчиња за декорација – по избор

So wird’s gemacht

  • Излупете ја тиквата и исечете ја на мали коцки.
  • Загрејте го маслото од кокос во тава, додајте ја исечената тиква и кромид и пржете околу 3 минути.
  • Додадете ѓумбир, лук и паста од кари и пропржете ги многу кратко.
  • Додадете го кокосовото млеко, регулирајте ја топлината и оставете го да се вари околу 10 минути.
  • Додадете го спанаќот и наутот и варете уште 5 минути додека спанаќот не го намали волуменот.
  • Ако сосот ви се чини премногу густ, додадете малку вода и продолжете со варењето 1-2 минути.
  • Зачинете ги со останатите зачини и гарнирајте по ваш избор.
  • Овој пат ние гарниравме со интегрален ориз со долго зрно.
  • Добар апетит!

Hat dir das Rezept gefallen, oder hat es nicht so geklappt, wie du wolltest? Wir freuen uns über dein ehrliches Feedback zu diesem Rezept.

Jetzt bewerten

Запомнете:

тиква

Кари со тиква, наут и спанаќ е погоден за ручек или вечера, за измеѓу оброци, за на работа па дури можете и да го замрзнете.

Добро спакувано, може да се чуваа во фрижидер до една недела или во замрзнувач неколку недели.

За овој рецепт искористивме половина тиква. Тиквите со крушкаста форма имаат сладок, вкусен вкус сличен на оној на големата тркалезна тиква. Оваа има светло-кафеава кожа и портокалово месо. Кога внатрешноста е добро созреана, станува подлабоко портокалово, послатка и побогата на ароми. Исто така, таа е добар извор на растителни влакна, витамин Ц, магнезиум, калиум и витамин А.

Наут

Наутот го збогатува специјалитетот со дополнителен протеин од растително потекло. Без оглед на тоа кој тип ќе го користите, без оглед дали е свежо варен или од конзерва, не ја истурајте течноста. Со течноста од варениот наут можете да приготвите многу други деликатеси солени или слатки. Пример за ова би биле посен Mousse au Chocolat, посни кајмаци, растителна посна белка, посен путер и многу повеќе.

Кокосово млеко

Кога купувате кокосово млеко, треба да бидете сигурни дека на пакувањето како состојка е наведено само кокосово млеко или екстракт од кокос. Кокосот е природно прилично мрсно овошје: самото кокосово млеко има околу 20 проценти маснотии. 100 милилитри содржат 197 калории, мастите на кокосот се здрави масни киселини наречени триглицериди (неутрални масти). Затоа кремастото млеко е здраво и е растителна алтернатива за павлака. Има многу хранливи вредности.

Пред да ја отворите, протресете ја амбалажата добро, без оглед дали е конзерва или тетра пакување, за маснотиите и водата да можат добро да се комбинираат.

Кари паста

Основа за пастата од кари е црвена пиперка, црвени чили пиперчиња, лук, ѓумбир и млад кромид или кромид. Дополнителни зачини како куркума, коријандер, ким, морска сол и црни пиперки ја збогутаат ароматичната паста. За малку киселост се користи сок од лимон и лимета како и кора од лимета.

Главната разлика помеѓу црвената кари и зелената кари паста е бојата поради различните состојки. Најголемата разлика е во тоа што во црвената паста се користат суви црвени  чили пиперки како основа, додека зелената паста се состои од корења од коријандер и зелени чили пиперки и затоа е многу послатка.

Од прилика 1 лажичка паста од кари е еквивалентна на 1 лажичка прашок од кари. Ако претпочитате поблаг кари, започнете со помалку и додавајте повеќе во зависност од вашиот вкус. Лесно е да се додаде повеќе, но тешко е да се јаде зачинета храна со многу кари 🙂

Дали кари прашокот или кари пастата има подобар вкус?

Логично, пастата има конзистентност на паста. Кари во прав се состои од мелени состојки и е мешавина од суви зачини. Пастата од кари главно се користи во тајландски специјалитети, додека кари во прав обично се користи во европеизирани индиски специјалитети. Во Индија, кари пастата како што знаеме не се користи. Индиските готвачи користат различни мешавини на зачини.

Декорација и гарнир

Сусамот и индиските оревчиња кратко подпечете ги во тава без масло. Тие исто така можат да бидат изоставени, но во секој случај тие му даваат на јадењето посебен вкус.

Наместо ориз како гарнир, можете да приготвите домашен индиски наан леб, арапски леб, обична паста, паста од наут или што било друго што го имате дома и треба да го искористите.

Sharing is caring!

Schreibe einen Kommentar

Deine E-Mail-Adresse wird nicht veröffentlicht. Erforderliche Felder sind mit * markiert

Bewerte dieses Rezept




Diese Website verwendet Akismet, um Spam zu reduzieren. Erfahre mehr darüber, wie deine Kommentardaten verarbeitet werden.