Урмите од неодамна заземаат сè повеќе простор во нашите рецепти, бидејќи тие се прекрасна замена и дефинитивно многу поздрави од белиот шеќер.

Овој намаз или крем со путер од кикирики создава зависност, ние не го користиме само како намаз туку и го јадеме директно од теглата. 🙂

Комбинацијата на слатко и солено е неооодлива. Во секој случај многу поздраво од чоколадо и многу други слатки готови производи.

Сепак, урмите особено сувите, не е препорачливо да ги конзумирате во неограничени количини, затоа што содржат многу шеќер и калории.

Крем од урми и путер од кикирики

Кремот се подготвува многу брзо и лесно со многу малку и едноставни состојки. Сè што ви треба е блендер или процесор за храна и сад за складирање.
Vorbereitungszeit10 Minuten
Gesamt10 Minuten
GerichtНамаз
KücheCross-Cooking
DietVegan
Tagsкрем, намаз, посно, путер од кикиритки, урми

Kochutensilien

  • Процесор за храна

Zutaten

  • 150 g урми или паста од урми
  • 100 мл растително млеко
  • 1 лажица путер од кикиритки
  • 1 кафена лажица екстракт од ванила - по вкус

So wird’s gemacht

  • Доколу урмите се суви и тврди, ставете ги околу 15 минути да киснат во врела вода и потоа ставете ги во процесорот за храна.
  • Ставете ги сите состојки во блендер и на пасирајте ги на највисоко ниво неколку минути.
  • Блендирајте се додека состојките не станат една хомогена и мазна смеса.
  • Намазот може да го чувате во фрижидер околу 10 дена.

Hat dir das Rezept gefallen, oder hat es nicht so geklappt, wie du wolltest? Wir freuen uns über dein ehrliches Feedback zu diesem Rezept.

Jetzt bewerten

Запомнете:

Во потрага на посен рецепт за Сникерс чоколадото, ја откривме оваа варијанта на крем која се стостои од само 2 состојки. Бидејќи во овој момент не наидовме на соодветни алтернативи за нас, мислевме зошто да не ги измешаме урмите и путерот од кикиритки и да се изненадиме од вкусот. Овој експеримент не испадна точно како што очекувавме, но нè изненади многу позитивно и затоа го споделуваме со вас.

Без разлика дали користите суви плодови или паста од урми тоа не е клучно за резултатот на рецептот, но можеби за вашиот блендер или преработувач на храна. Пастата треба да се натопи кратко пред да се меша во блендерот, со вилушка да се омекне, во спротивно ќе биде премногу цврста и може да го оштети вашиот миксер, освен ако поседувате добар миксер со високи перформанси, тогаш оваа информација е непотребна за вас.

При изборот на путер од кикирики, не е важно дали користите кремаст или крцкав. Како и да е, сè треба да се испоцесира во една фина и мазна смеса. Ако ја промашите крцкавата конзистентност со блендерот, тогаш обидете се да го мешате крцкавиот путер од кикиритки со лажица со помош на рака.

Понатаму, во текстот ќе најдете некои информации за главната состојка, урмите.

Како плод на дрвото на прехранбената урма (Phoenix dactylifera), урмите се античко ориентално култивирано растение кое може да се проследи уште во времето на Месопотамија.

Познато е дека вкупно 14 типа на урми виреат во Африка, Азија и Европа.

Само по околу осум до десет години издолжените овални, жолти до темно кафеави бобинки растат на на една гранка. Многу малку од нив се користат за јадење или пак имаат сладок вкус. Остатокот се користи како добиточна храна за животните по фармите.

Сортите „Medjool“ и „Deglet Nour“ се етаблирани на светскиот пазар, што обично се разликуваат според степенот на цврстина и зрелоста на овошјето.

Урмите имаат многу висока содржина на калории и шеќер, но обезбедуваат многу хранливи материи како што се витамин Б, витамин Ц, калиум, железо, магнезиум, калциум и аминокиселини како што е триптофан што помага во формирањето на мелатонин. Сувите урми содржат многу влакненца кои го стимулираат варењето и го регулираат нивото на холестерол.

Урмите исто така имаат голем дел на антиоксиданти (флавоноиди, каротеноиди, полифеноли). Антиоксидантите ги штитат клетките од слободни радикали и можат да спречат разни болести.

Три до пет урми на ден може да надополнат здрава исхрана и да се користат како добра замена за слатки производи. Конзумирањето на урмите после оброкот, ја намалуваат и регулираат желбата за слатко. Балансираната и разновидна исхрана е основа за здравјето.

Sharing is caring!

Schreibe einen Kommentar

Deine E-Mail-Adresse wird nicht veröffentlicht. Erforderliche Felder sind mit * markiert

Bewerte dieses Rezept




Diese Seite verwendet Akismet, um Spam zu reduzieren. Erfahre, wie deine Kommentardaten verarbeitet werden..