Има многу различни варијанти на хумус и неколку од нив веќе испробавме за да ги споделиме со вас. Основниот рецепт е скоро секогаш ист, а останатите се разлкуваат по различните главни состојки или мешавината со наут, кои на секој намаз му даваат посебна нота на вкус.
Во овој рецепт би сакале да ве запознаеме со нешто друго освен класичниот хумус. Главната состојка за овој намаз е зелениот грашок.
Посен хумус од зелен грашок
Kochutensilien
- Процесор за храна
Zutaten
- 1 чаша грашок - свеж, замрзнат или конзервиран
- 2 лажици таан - паста од сусам
- 2 лажици сончогледово масло
- 2 чешниња лук
- сок од половина лимон
- ½ лажиче мелен ким - кумин
- сол и бибер
So wird’s gemacht
- Ставете го грашокот во тенџере и наполнете го со вода додека не го прекриете грашокот и варете околу 5 минути.
- Исцедете ја водата, исплакнете го грашокот со ладна вода.
- Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не се добие мазна хомогена смеса. Додадете малку вода или масло доколку е потребно.
- Гарнирајте по желба, сервирајте веднаш и во најдобар случај уживајте го со свежо печен, топол леб.
- Остатокот префрлете го во сад кој може херметички да се затвори. Заштитен од надворешни влијанија во фрижидер може да се оддржи свеж цела недела.
- Добар апетит 🙂
Hat dir das Rezept gefallen, oder hat es nicht so geklappt, wie du wolltest? Wir freuen uns über dein ehrliches Feedback zu diesem Rezept.
Jetzt bewertenЗапомнете:
За да направите хумус од зелен грашок ви треба грашок како главна состојка. Грашокот може да биде свеж, замрзнат или конзервиран. Во зависност од тоа каков грашок користите, само првиот чекор во подготовката се менува. Со свеж или замрзнат грашок како што е објаснето погоре, тој се готви и тоа трае само неколку минути и бојата е исто така многу поинтензивна. Конзервираниот грашок едноставно се процедува и се блендира со преостанатите состојки и потоа хумусот е подготвен.
Ако намазот ви се чини премногу мрсен, можете маслото да го замените со вода за пиење или водата од зовриениот грашок или водата од конзервата за да ја постигнете саканата кремаста конзистентност.
Количината на зачини можете со задоволство да ја смените и без страв дали е многу и малку. Ама во секој случај почнете со помалку, да додате можете во секое време, но тоа е ваша креација и ваш вкус 🙂
Ви посакуваме многу успех во подготовките и би се радувале да ги видиме вашите креации 🙂