Кои садови се поеколошки, поодржливи и се посоодветни за пакување храна?

Како стаклените садови така и лимените конзерви за складирање на храна се многу енергетски инвазивни во производството затоа што тие се обработуваат на многу високи температури за да се добие последната форма што ние ја знаеме.

Како се произведуваат лимени конзерви за прехрамбената индустрија?

Конзерви  се лимени садови со херметичко затворање за складирање на готова храна. Тие ја  штитат храната од нечистотија, бактерии и атмосферски кислород за време на складирањето и транспортот.

Повеќето лименки за храна се изработени од бел лим или алуминиумски лим и веднаш по полнењето се запечатуваат херметички со лемење (термички процес за спојување на садот со помош на посебен вид на фуга) или со палење (виткање на работ на лимот со специјална машина или со рака).

По отворањето на конзервата, повторно херметичко затворање веќе не е можно.

Ако храната (овошје и зеленчук) е свежо обработена и веднаш херметички затворена, вкусовите и половина од витамините можат да преживеат во конзерва дури неколку години. Конзервите изработени од бел лим (калај) може да имаат рок на траење најмалку 5 години, но поголемиот дел од витамини се распаѓаат за 3 години и затоа храната повеќе не е поволна за исхрана.

За да се заштити металот од корозија, за конзервите од бел лим (лименки) се користи епоксидна боја. Овие видови на боја содржат хемикалии како што се бисфенол А (BPA), кои лесно можат да се пренесат во храната.

Металните конзерви се отпорни на топлина и студ, лесни по тежина и не се лесно кршливи.

Производството на метални садови е многу енергетски интензивно, тие можат да се рециклираат, но не можат повторно да се користат.

Процес на изработна на стаклени садови за прехрамбената индустрија!

Процесот на изработка на стакло е многу енергетски интензивен, бидејќи е изработен од концентриран песок.

Пакувањето на храна во стаклени садови не е отпорно на студ и топлина, пропушта светлнина и затоа не може да се исклучи дека на овој начин складираната храната ќе изгуби многу квалитетни и хранливи вредности.

За жал, повеќето пакувања на храна во стаклени садови се наменети за еднократна употреба (стакло за еднократна употреба) за разлика од пијалоците, не постои систем за повеќекратна употреба на стаклени амбалажни садови за храна.

Многу производители на храна одбиваат да користат систем за повеќекратна употреба за стаклени амбалажни садови за храна, бидејќи тие се многу тешки за чистење и се троши многу вода и електрична енергија.

Стаклената амбалажа наменета за еднократна употреба се рециклира со топење, за жал, овој процес е многу енергетски интензивен и не го прави овој систем на пакување толку еколошки.

Според една студија на Институтот за енергетика и истражување на животната средина во Хајделберг, Германија во повеќето категории на влијанија врз животната средина, типичната конзерва за пакување на храна покажува малку пониско загадување на животната средина споредено со еднократната стаклена амбалажа.

Животната средина би си посакала да постои систем за повеќекратна употреба на стаклена амбалажа за храна, оптимизација на процесот на производство, свесно раздвојување на отпадот и 100% рециклирање (не upcycling или downcycling).

Запомнете:

Предности од употреба на лимени конзерви: отпорни на топлина и ладно, лесна тежина и не се лесно пробојни. Храната спакувана на овој начин може да има долг живот. Отпадокот е квалифициран за рециклирање.

Недостатоци од користење на лимени конзерви: многу енергетски интензивни за време на производството, еднократна употреба, со примеси на бисфенол А(BPA).

Предности од користењето на стаклена амбалажа за храна: не се користат хемикалии, доколку сакате и ако е можно, може да се користат дури и неколку пати.

Недостатоци од користење на стаклена амбалажа за храна: енергетски интензивни во производство, еднократна употреба (досега во повеќето случаи), не е отпорна на топлина и студ, пропушта светлина, досега нема воспоставено систем за повеќекратна употреба за стаклена амбалажа за  храна.

Sharing is caring!