Сè што ви треба за да направите фалафел од рерна е наут, две големи снопчиња свежи билки и неколку зачини.
Тие се совршени за wrap-ролнички, сендвичи, салати, хумус даски, едноставно за грицкање или каква и да е вашата идеја за послужување.
Vorbereitungszeit30 MinutenMin.
Zubereitungszeit12 StundenStd.
Gesamt12 StundenStd.30 MinutenMin.
Gerichtглавно јадење
Kücheorientalisch
DietVegan
TagsЛеблебија, Наут, Сланоток, Фалафел, Фалафел од рерна
Kochutensilien
Процесор за храна или кујнска машина
Плех и хартија за печење
Поголем сад
Zutaten
300грнаут - сув
3лажици брашно од овесни снегулки или брашно од наут.
1снопче магдонос или две раце полни
1снопче коријандер или две раце полни
1кромид - голем
2чешниња лук
1лажичка сода бикарбона
½лажичка кумин
1лимон - сокот од него
1лажичка сол
Бибер мелен
So wird's gemacht
Сувиот наут натопете го во поголем сад со многу вода. 12 часа е сосема доволно, но 24 часа киснење на наутот во вода е совршено.
Веќе искиснатиот наут, исплакнете го, добро исцедете го и грубо исечкајте го со миксер или процесор за храна со неколку вртења.
Исецкајте го преостанатиот зеленчук и додадете го во миксерот.
Додадете ги зачините, брашното од овесни снегулки и на крај сода бикарбоната и сокот од лимон. Сода бикарбоната и сокот од лимон ќе создадат пенеста реакција и со тоа сода бикарбоната е активирана за да и даде мекост на смесата.
Уште неколку вртења со машината и смесата е подготвена. Бидете внимателни, не сецкајте пре долго, затоа што може да добиете пире!
Оставете ја подготвената смеса да одмори околу 15 минути, така што сите состојки добро ќе се искомбинираат.
Од смесата формирајте топчиња со било која големина и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. За подобро порционирање помогнете си со лажица за сладолед или со било кој друг предмет од кујната кој ќе ви ја олесни работата. Топчињата на фотографиите се формирани само со дланки.
Во зависност од големината, фалафел топчињата се печат на 180 степени целзиусови со горна и долна топлина околу 20-30 минути. Златно-кафеава боја ги прави топчињата од наут многу крцкави и неодолливи.
После печењето оставете ги фалафел топчињата 10-15 минути да се оладат, потоа тие се подготвени да ги уживате со вкусен сос од таан, како сендвич или како прилог со омилената салата.
Добар апетит! :)
Hat dir das Rezept gefallen, oder hat es nicht so geklappt, wie du wolltest? Wir freuen uns über dein ehrliches Feedback zu diesem Rezept.