Овие колачиња се многу привлечни за очите, имаат добар вкус, посни се, а доколку е потребно може да бидат подготвени и без глутен. Подготовката е релативно брза, но очекувајте малку неактивно време на чекање. :) Совршени се за подарување, за детски родендени или за галење на душата. :)
Vorbereitungszeit1 StundeStd.
Време на печење15 MinutenMin.
Gesamt1 StundeStd.30 MinutenMin.
GerichtДесерти
KücheCross-Cooking
DietVegan
Tagsежиња, колачи, посни ежиња, посни колачи
Servings: 35Парчиња
Kochutensilien
Сад за месење на тестото
Плех и хартија за печење
Кујнска четка
мало длабоко аванче
Zutaten
За тесто:
450грбрашно
280грпосен путер или маргарин за печење
120гршеќер во прав
2-3лажици вода
За полнење:
50грпосно чоколадо
За глазура:
100грпосно чоколадо
50грснегулки од кокос
Јаткасти плодови - по избор
Чоколадни мрвици - по избор
So wird's gemacht
Во длабок сад добро измешајте ги сите суви состојки.
Додадете го омекнатиот посен путер или маргарин за печење и со раце измесете го во мазно тесто.
Ако тестото изгледа премногу суво, додадете 2-3 лажици вода и продолжете со месење.
Ставете го тестото во фрижидер најмалку 30 минути за потоа да можете полесно да го обработите.
Со помош на дланките, од веќе изладеното тесто обликувајте рамно, кружно колаче.
Средината на на тестото наполнете ја со ситно сецкано чоколадо, внимателно затворете го и обликувајте топче. Топчето треба да има големина на орев.
Потоа, притиснете на едната страна од топчето за да формирате нос / муцка и ставете ги на плех обложен со хартија за печење.
Печете ги колачињата на 180 степени целзиусови околу 12-15 минути.
Колачите оставете ги целосно да изладат.
Во меѓу време со помош на пареа стопете го чоколадото потребно за глазурата.
Кружната страна на колачите потопете ја во стопеното чоколадо или користете четка за готвење за да ја премачкате горната страна со чоколадо и потоа извалкајте ги во снегулки од кокос.
До овој степен приготвени оставете ги колачите на плехот за печење за да се сушат.
Во меѓувреме, користете чепкалка за заби и стопено чоколадо за да ги оформите очите и носот.
Колачињата веќе имаат лице и изгледаат како мали ежиња. :)
Целосно оладени и суви, колачињата може да складирате во херметички затворен сад.
Добар апетит! :)
Hat dir das Rezept gefallen, oder hat es nicht so geklappt, wie du wolltest? Wir freuen uns über dein ehrliches Feedback zu diesem Rezept.