Иако списокот на состојки изгледа толку долго на прв поглед, оваа пица е многу лесна за подготовка - но никаде не рековме дека ќе биде брзо готова. :)
Vorbereitungszeit30 MinutenMin.
Zubereitungszeit15 MinutenMin.
време на киснење1 StundeStd.
Gesamt1 StundeStd.45 MinutenMin.
GerichtПечиво, Пица
KücheИталијански специјалитет
DietVegan
Tagsбосилек, пица, посно
Servings: 4Пици
Zutaten
Тесто:
500грпченично брашно - или друго без глутен
1квасец
1лажица - рамна сол
1кафена лажица шеќер
50mlсончогледово масло
150mlмлака вода
Сос:
200млпире од домати
2сецкани домати
2кромид
1-2чешниња лук
Сончогледово масло
Оригано - прстофат шеќер, прстофат сол, бибер ...
Гарнир:
250грсвежи печурки
1пиперка
1тиквички
1кромид
грст маслинки
свежи лисја босилек
So wird's gemacht
Тесто:
Измешајте го квасецот со сол, шеќер и 2 лажици брашно во млака вода. Оставете го околу 10 минути да одмори додека смесата не почне пенесто да се поткрева.
Брашното, маслото и мешавината од квасец замесете го во многу меко, свилено тесто. Покријте го тестото со влажна крпа и оставете на топло место околу 60 минути да одмори и да порасне двојно во волумен.
Ставете многу брашно на чиста и сува работна површина.
Поделето го стасаното тесто на 4 парчиња со иста големина. Обликувајте ги поединечните парчиња тесто од пица во мали топчиња и притиснете ги со дланката. Од секое од топчињата формирајте, кружно и тенко тесто со рацете. Не користете сукало, бидејќи тоа ќе му ја одземе мекоста на тестото. Постојано додавајте брашно во тестото и притиснете го одвнатре кон надвор.
Тестото за пица треба да достигне дијаметар од околу 30 см.
Како основа ние користевме домашен сос од домати.
Распределете го доматниот сос рамномерно со лажица, на краевите оставете простор од околу 2 сантиметри без сос. Другите состојки можат да бидат избрани според вкус, потреба, можност, сезона..
Сос:
Исечете го кромидот и чешнињата лук на мали парчиња и малку запржете ги со сончогледово масло. Додадете ги исецканите домати, доматното пире и сите преостанати зачини и оставете го на оган на средна температура околу 15 минути. Предупредување! Покријте го тенџерето со капак, во спротивно нема да ја препознаете вашата кујна :)
Гарнир:
Како гарнир можете да користите сè што сакате, што е во фрижидер или сезонски зеленчук што во моментот е достапен. Овој пат ние користевме тиквички, домати, кромид, пиперки, свежи печурки, маслинки и свеж босилек.
На крај пицата ставете ја во загреаната рерна и печете ја на висока температура.
Температурата треба да достигне барем 250 степени целзиусови степени со горна и долна топлина. Во зависност од рерната, пицата ќе се пече околу 10-15 минути.
Декорирајте со свеж босилек и уживајте.
Добар апетит :)
Hat dir das Rezept gefallen, oder hat es nicht so geklappt, wie du wolltest? Wir freuen uns über dein ehrliches Feedback zu diesem Rezept.