Посната торта од лимон се состои од многу едноставни состојки кои секогаш (или скоро секогаш) ги имате дома. Може да се подготви многу брзо за неколку минути без матење, без никаква опрема. Со свежа лимонада или свежо варен чај, тортата е задоволство за секое непце во секоја сезона.
Vorbereitungszeit10 MinutenMin.
време на печење30 MinutenMin.
Gesamt40 MinutenMin.
GerichtТорти и колачи
KücheCross-Cooking
DietVegan
Tagsпосен колач од лимон, посен колач со банана, посно
Servings: 12Парчиња
Kochutensilien
Сад за печење
Сад за мешање
Маталка
Ренде
Zutaten
Тесто:
300грбрашно
100гршеќер
200млрастително млеко
100млсончогледово масло
1прашок за пециво
1лимон / исцеден сок од лимон
рендана кора од лимон
Глазура
шеќер во прав
цеден сок од лимон
So wird's gemacht
Измешајте ги сите суви состојки во подлабок сад.
Изрендајте ја кората од лимонот и исцедете го сокот.
Постепено додајте го маслото и растителното млеко во садот и мешајте додека не добиете мазно тесто.
Калапот во кој ќе го печете колачот постелете го со хартија за печење а ѕидовите намрсете ги со масло или маргарин потоа посејте ги со малку брашно или шеќер.
Истурете ја смесата во калапот, измазнете ја одозгора и печете во загреана рерна околу 30 минути на 175 степени со циркулирачки воздух.
По 30 минути, направете тест со чепкалка за заби, доколку ништо не остаува да лепи, тогаш колачот е готов и може да го извадите од рерната. Доколку на чепкалата за заби се залепи барем малку од тестото тогаш печете уште 5-10 минути. Колачот покријте го со парче алуминиумска фолија.
Извадете ја тортата од рерната и оставете ја да се излади целосно.
Потоа земете шеќер во прав и измешајте го со малку сок од лимон и добиената глазура истурете ја врз колачот.
Количината на шеќер во прав и сокот од лимон може да ја одредите според вашите желби и вкус.
Сами одлучете колку глазура ќе сакате да направите, само во секој случај почнете со малку сок од лимон, ако има потреба додајте подоцна. Смесата треба да има кремаста конзистенција.
Добар Апетит :)
Hat dir das Rezept gefallen, oder hat es nicht so geklappt, wie du wolltest? Wir freuen uns über dein ehrliches Feedback zu diesem Rezept.